На 05.05.2024 во 21:58 часот во СВР Куманово, И.С. од село Отља, липковско, пријавил дека неговиот малолетен син бил нападнат со остар предмет од едно лице.
Малолетникот се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.