Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ и коалицијата Венко Филипче, возеа по патот од Градско кон Прилеп, односно по првата делница Градско – Дреново, каде работите се завршени над 90%.
„Експресниот пат Градско-Дреново, ова е првата фаза од клучка Градско од исклучување од главниот пат Коридор 10. Ова е Коридор 10Д. Сè уште е во градба, меѓутоа на оваа делница асфалтот е вграден со 98% од сите количини на асфалт“, вели Бочварски.
Ресорниот министер вели дека првата делница, којашто ја возат со Филипче е 91% завршена, а на втора делница работите се завршени до 80% поради комплексноста на теренот.
Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски во јули 2021 година при увид на изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, изјави дека „крајниот рок за завршување е јули 2023 година, но неговите очекувања се дека патот ќе биде готов пред рокот.
Како што може да се заклучи, во месец мај 2024 година, ветувањата на Бочварски не се оствариле, и претставуваат уште една лага. Возењето по ова делница не претставува ништо друго туку уште еден предизборен маркетинг од страна на Филипче и Бочварски, затоа што секој краен рок за изградба на овој пат е пробиен и секоја изјава на Бочварски за завршување е следна година.
Она што треба да се напомени е фактот што ова делница започна да ја гради претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и требаше да биди готова до 2020 година. Имено, најавите од тогашниот министер за транспорт и врски, а актуелен потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски, изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп, што се одвива во три фази, требаше целосно да заврши „за три до четири години“, односно во периодот 2019 – 2020 година.