Фудбал

Реал Мадрид размислува да му го продолжи догворот на Лука Модриќ

Реал Мадрид размислува да му го продолжи догворот на Лука Модриќ

Шпанска „Кадена СЕР“ најави дека мадриѓани размислуваат да му понудат продолжување на соработката на Хрватот.

38-годишникот кој оваа сезона не е во прв план, без проблем го прифаќа тоа и игра на високо ниво кога ќе добие шанса. Поради тоа „кралевите“ би сакале да го задржат барем уште една година во Мадрид.

За услугите на Лука Модриќ во редот стојат повеќе клубови. Заинтересирани има од Соединетите Американски Држави до Саудиска Арабија, а тука е и матичниот Динамо Загреб кој има сон да го врати легендарниот фудбалер во своите редови.

Сепак, делува дека Модриќ прво ќе продолжи уште една година во Реал, а потоа ќе размислува што понатаму.

To top