Македонија

Тим на Пендаровски: Терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати

Тим на Пендаровски: Терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е да организира разговор со „празно столче“ во договор со јавниот сервис чии генерален директор со месеци е ангажиран во партиска кампања на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, терминот за дебатата на МТВ никогаш не беше договорен меѓу двата кандидати. Дебатата во понеделник на 6ти мај, на телевизија Канал 5, е последна која е потврдена од двете страни, велат од тимот на Пендаровски.

-И покрај ниските морални и етички стандарди кои ги поставија до сега во кампањата, ова е ново дно кое ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова го достигнаа, што може да ги изненади само оние кои не го познаваат начинот на делување на ВМРО-ДПМНЕ и на нивната партиска кандидатка, се наведува во соопштението.

To top