Поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз утре ќе сообраќа по неделен возен ред.
Жичницата ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници.
Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.
Истовремено, ве информираме дека од утре, среда (01.05.2024 год.), Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.
Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.
Работното време е согласно со Одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември, информираат од ЈСП-Скопје.