Хроника

Уапсена скопјанка осудена на петгодишна затворска казна

Уапсена скопјанка осудена на петгодишна затворска казна

Денеска (14.11.2023) во 17:25 часот на подрачјето на скопски Центар, Оперативен тим Потраги ја лиши од слобода С.М.(61) од Скопје.

-За неа била распишана централна потерница, врз основа на судска наредба, осудена на казна затвор во траење од 5 години за сторено кривично дело “даночно затајување” по член 239 од Кривичниот законик, информира МВР.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.

To top