Принцезата и принцот од Велс Кејт Мидлтон и Вилијам денеска ја слават 13-годишнината од бракот. Оваа убава пригода дојде во тежок момент за целото семејство. Љубовта на славните сопружници е особено на испит откако беше откриено дека принцезата има рак и влезе во процес на лекување.
И со оваа тажна симболика на бројот 13, Кејт и Вилијам покажаа дека нивниот брак е силен. Имено, тие на својот официјален профил на социјалните мрежи објавија досега невидена фотографија од нивната гламурозна венчавка која ја следеше цел свет.
Младенците се смешкаат на оваа објава, полни со ентузијазам за се што им носи иднината. Обожавателите се воодушевени од оваа објава бидејќи со недели ја чекаат судбината на саканата принцеза.
View this post on Instagram
Но, имаше и такви кои во коментар велат дека фотографијата е црно-бела и дека симболиката е мрачна знаејќи дека Кејт се бори за закрепнување.
– Зошто црно-бела фотографија?
– Се шокирав кога ја видов црната боја, таа навестува лоши работи.
– Зарем не можеше да има посреќна фотографија?
– Црно-белите фотографии не се објавуваат освен ако некој не умрел – ова се само дел од бројните коментари.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се венчаа пред речиси 2.000 гости во опатијата и телевизиска и интернет публика која се мери со стотици милиони, а некои проценки велат дека имало две милијарди луѓе. Духовниот водач на англиската црква, надбискупот од Кентербери Роан Вилијамс, ја прогласи двојката официјално во брак.
Принцот Вилијам и неговата невеста Кејт Мидлтон се бакнаа двапати на балконот на Бакингемската палата. Следени со будните очи на илјадниците собрани, младиот пар се појави на балконот во придружба на кралското семејство и семејството на Кејт Мидлтон. Вилијам и Кејт се бакнаа двапати, првиот пат кратко. Над Бакингемската палата, авиони на кралското воздухопловство прелетаа над толпата.