Баерн Минхен е подготвен да и го понуди на Барселона, Џошуа Кимих, и пари за Френки де Јонг (26) или Роналд Араухо (25), тврди каталонскиот „Спорт“.
Секако, каталонските медиуми истакнуваат дека спектакуларната размена на двајца играчи од средниот ред, еден од најдобрите во светот, би се случила само доколку и играчите ја прифатат.
Договорот на Кимих со Баерн истекува во летото 2025 година, каде што е од 2015 година и неколкупати беше негов капитен.
Со оглед дека следната година би можел да си замине бесплатно, а сѐ уште не се договорил за продолжување на соработката, Баварците летово би можеле да го продадат. „Спорт“ пишува дека ќе бараат минимум 50 милиони евра.