Шпанскиот тенисер Рафаел Надал денеска во Мадрид изјави дека ќе игра на претстојниот Ролан Гарос само доколку почувствува дека е доволно подготвен за да се натпреварува, пренесе Би-би-си.
Надал лани не играше на Ролан Гарос поради повреда. Шпанскиот тенисер оваа недела ќе игра на Мастерсот во Мадрид.
-Да бев во Париз денес, немаше да излезам да играм. Мислам дека не би можел да играм 100 проценти, но важно е да можам да играм последен пат во Мадрид. Многу ми значи да играм на овој турнир каде имав добри моменти, рече Надал на прес-конференција во Мадрид.