Излезноста до 13 часот на првиот круг од претседателските избори во општина Струга е 16 проценти, а во Вевчани 33,33 отсто, информираат за МИА претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска.
Според нив, гласањето се одвива тековно без никакви нарушувања на избирачкиот процес.
Гласачките кутии во двете општини беа отворени утрово во 7 часот.
Во општина Струга право на глас имаат се 60.894 гласачи, а ќе гласаат на 101 избирачко место, додека во Вевчани во единствениот избирачки список регистрирани се 2.072 гласачи, кои правото на глас можат да го остварат во едно од трите избирачки места.