Тој бил баран со потерница врз основа на наредба од Основниот суд во Кичево за издржување затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психитропни супстанци прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.