Дваесет и осум годишната децојка Сидни Крисмас ги освоите симпатиите на целата сала, но и пошироката публика со нејзиниот настап на аудицијата „Британија има талент“.
Харизматичната девојка која пред настапот ги засмејуваше и жирито и публиката во салата, ги остави без зборови присутните уште при првата испеана строфа.
Пред да започне со настапот, Сидни кажа дека ќе ја испее песната „Tomorrow“, на што членот на жирито Сајмон Кауел истакна дека тоа е песната која најмногу на мрази.
Неверојатната изведба на Сидни ги крена сите на нозе, по што следуваше аплауз, а Аманда не можеше да се воздржи и на девојката и го даде „златното копче“, што значи директен пласман во настапите во живо.
Коментар имаше и Сајмон кој на Сидни и кажа дека е неверојатна и дека по нејзината изведба сега ја сака оваа песна.