Штрајкот на контролорите на летање планиран за утре се очекува да доведе до откажување летови низ Франција, додека синдикатите на контролорите на летање претходно ветија дека нема да има штрајкови оваа година поради Олимпијадата.
Претседателот на главната организација која ги обединува компаниите за воздушен транспорт, Паскал де Изагире, денеска изјави дека за време на пролетниот распуст на учениците во дел од Франција се очекуваат голем број откажувања на летови.
Вкујпно 75 отсто од летовите ќе бидат откажани на аеродромот Орли во Париз, а 65 отсто на аеродромот Роаси-Шарл де Гол.