Свет Израелски пратеници со повик

Европските земји да прифатат бегалци од Газа

Европските земји долго време „им помагаат на бегалците кои бегаат од конфликти“ и сугерираат дека „ако земјите примат само по 10.000 луѓе, кризата ќе се ублажи“.

Европските земји да прифатат бегалци од Газа

Двајца израелски пратеници, едниот од владејачката конзервативна партија Ликуд, а другиот од опозициската централна партија Јеш Атид (Има иднина), ја повикаа меѓународната заедница да ги прифати палестинските бегалци од Појасот Газа.

Во авторски текст во Волстрит журнал, Дани Данон и Рам Бен-Барак ги повикуваат „сите земји ширум светот да прифатат ограничен број семејства од Газа кои изразиле желба да заминат“.

Тие напишаа дека европските земји долго време „им помагаат на бегалците кои бегаат од конфликти“ и сугерираат дека „ако земјите примат само по 10.000 луѓе, кризата ќе се ублажи“.

„Меѓународната заедница има морален императив и можност да покаже сочувство, да му помогне на народот во Газа да се движи кон просперитетна иднина и да работи заедно за да постигне поширок мир и стабилност на Блискиот Исток“, напишаа израелските пратеници во американскиот весник.

Најнови вести од Свет

To top