Стефан Богоев ни сам не знаеше дека ќе биде градоначалник на општина Карпош, нагласи Бојан Јовановски познат како Боки 13 во вчерашното емитување на поткастот на Лазаров.
Јовановски укажа дека Богоев лажел кај Русковска дека не се знаеле од порано и дека се запознале преку неговата сопруга. Значи Богоев дал лажен исказ што е казниво дело.
„Тој лаже пред орган, каква и да е таа Русковска – никаква, небитно. Орган била Русковска во тој момент, а Богоев ја лаже. Но, на Русковска и одговара да лаже Богоев. Таа не се трудела да ги испита тие искази од тие лажни сведоци“, укажа тој.
„Вистината е дека јас му ја направив кампањата на Стефан Богоев, дека јас учествував во креативниот дел, учествував во финансискиот дел. Значи учествува од печатење на билборди, до плаќање на билборди и закупување на штабови и се останато“, рече Јовановски.
Јовановски посочи дека Стефан Богоев беше изгубен случај во поглед на тоа дека ќе биде градоначалник.
„Тој на сето тоа викаше – не се зезај“, нагласи Јовановски.
Тој нагласи дека тој излобира за Стефан Богоев да стане градоначалник на општина Карпош.