Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги подобриме состојбите во сите сегменти на општеството. Од ова, нема откажување!, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Свети Николе.
-На прагот сме на еден историски подвиг – Македонија – земја членка на ЕУ, поминавме многу време во чекалната, сега е време е за Европска Македонија, затоа, нема откажување од европскиот пат на земјава, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Свети Николе.