На 20.04.2024 во 18:20 и 18:55 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ѓ.(43) и А.Ѓ.(37), двајцата од с.Шишево, скопско.
Тие се сомничат дека на 19.04.2024 околу 00:30 часот со употреба на сила влегле во домот на И.Ј.(36) во с.Волково, скопско и физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.