Адам Ханга заработи повреда на дланката на левата рака што според првите информации воопшто не е наивна, па унгарскиот репрезентативец би можел да биде загубен до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
„Црвено-белите“ објавија само дека Ханга ќе мора да паузира во наредниот период не наведувајќи го времето на отсуство, но самата информација дека една од опциите е и хируршки зафат е јасен знак дека проблемот не е наивен.
Според распоредот, финалето на АБА-лигата би требало да стартува околу средината на месец мај, а доколку Црвена Звезда стигне до оваа фаза дефинитивно ќе биде неопходна помошта на Ханга.