На Арената „Тодор Проески“ во Скопје започна хуманитарниот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда како поддршка за настраданите и нивните семејства во трагедијата во Кочани.
Двата клуба играат за Кочани, а целиот приход од играта ќе биде насочен кон семејствата на загинатите во страшната несреќа.

На Арената ќе присуствуваат и повеќе легенди на Црвена звезда, како Станислав Караси, Владимир Петровиќ Пижон, Илија Најдоски, Дарко Панчев, Бошко Ѓуровски, Недељко Милосављевиќ, Здравко Боровница, Цвијетин Благојевиќ, Жарко Ѓуровиќ, Драган Канатларовски, Драган Мрѓа, Душко Тошиќ, Горан Попов…
Натпреварот е во тек.