Овој процес удира во ѕид. Затоа вчера кажав што побрзо веднаш да дојде предлогот за уставни измени на собраниска седница за веднаш да се гласа. Во минатото за вакви уставни измени имало многу кратки рокови, а сега на 18-ти август ја ставаат седницата. Дали тоа ќе се случи е прашањето. Знае власта дека немаат доволно пратеници, ниту пак ќе имаат. Еве кажувам јасно и гласно. Тие сакаат да започнат процес бидејќи сакаат да покажат како власт дека нешто направиле во ЕУ, дека направиле некој процес, а опозицијата е против. Се работи за нешто сосема друго, се работи за 80% од граѓаните, зарем не ги гледаат и слушаат граѓаните. Овој процес удира во ѕид, наидува на отпор од граѓаните, а тие го одложуваат. Можат сега да го стават на седница и да видат како тој процес паѓа.
Ова вечерва го истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Владо Мисајловски на Алфа телевизија.
Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ долг период бараше да биде дел од преговорите, но власта сакаше сама да преговара и потпиша договори и договараше работи штетни за Македонија.
-Власта сама потпиша нешто што не може да го спроведе. Тие сами во тој договор предвиделе дека им требаат 80 пратеници. Зошто не го прашале македонскиот народ? Зошто не излегоа на избори? Сега тие ќе спинуваат дека власта е за ЕУ, другите не биле, ВМРО-ДПМНЕ била против ЕУ… Јавно кажувам дека ние сме против бидејќи ова е бугарски диктат. Многу челници од ЕУ кога ќе дојдат во Македонија велат вака: „Ова е единствениот предлог. Подобар тешко дека ќе има“. Па зарем тоа не е ултиматум? Самите кажуваат дека нема да има друг,
рече Мисајловски.
Тој посочи дека во моментот кога власта го добила предлогот, требала да седне на маса со сите патии и заедно да направат црвени линии.
-Се работи за македонски прашања, се работи за македонски идентитет, македонска култура и традиција. Со сите постапки кои ги направи оваа власт, за жал најмногу во оваа земја пати Македонецот. Тоа е најголемиот проблем,
вели Мисајловски.