На 12.11.2023 година во 16.35 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода П.Б.(23) од Охрид.
-Тој се сомничи дека заедно со претходно приведените А.Т и К.С., двајцата од Охрид, во 02 часот на паркинг простор пред угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ги нападнале Б.Ј.(28), а потоа и Д.Ј.(34), двајцата од Охрид, информираат од СВР Охрид.