Познатата пејачка Ријана на почетокот на кариерата експериментираше со различни стилови, а често ја менуваше и должината и бојата на косата. Сепак, во последните години таа е верна на црната боја на коса, која сега реши драстично да ја промени.
Имено, пејачката се фотографираше со долга, руса коса која ги истакна нејзините зелени очи.
Ријана е забележана во Лос Анџелес во едноставна модна комбинација – крем палто и фармерки, а големо внимание привлече нејзината нова фризура.
View this post on Instagram
Ријана моментално е на пауза од својата музичка кариера за да се посвети на мајчинството и претприемништвото.