Топлото време овој април ги наполни плажите во Грција.
Туристичките места околу Солун и на Халкидики веќе се полнат со туристи, а според прогнозите на метеоролозите овој викенд температурата во солунскиот регион е 28 степени.
На социјалните мрежи се објавуваат фотографии од полните плажи, а се забележува и дека луѓето се капат во морето. Фотографијата е од Неа Каликратија.
Некои со поставени чадори се штитат од сонцето, додека други уживаат во сончевите зраци и се сончаат.