Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ денес загуби од Норвежанецот Каспер Руд во полуфиналето на турнирот од серијата АТП 1000 во Монте Карло – 4:6, 6:1 и 4:6.
Мечот траеше 2 часа и 18 минути.
Руд сервира четири аса, направи четири двојни грешки и реализираше 4 од 7 брејк топки.
Ѓоковиќ три пати сервираше ас, направи две двојни грешки и имаше 4 од 5 конвертирани брејк топки.
Руд во финалето на Мастерсот ќе се сретне со Гркот Стефанос Циципас.
Награден фонд на турнирот изнесува 5,95 милиони евра.