По повод одбележувањето на 13 Ноември- Денот на ослободувањето на Скопје, делегација од Општина Кисела Вода предводена од денес положи свежо цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје. Оддавањето почит кон хероите чие дело го чуваме и славиме е наша чест, а обврската е да создадеме нов и модерен лик на Скопје, како и поубави денови за нашиот главен град, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
-Денешниот ден е симбол на една борба, на непокор, на храбриот македонски народ кој застанал на вистинската страна на историјата. Пред 79 години нашето Скопје беше ослободено од фашистичкиот окупатор и неговите слуги. Се поклонуваме на најзаслужните, на хероите кои го положија својот живот и го славиме и чуваме нивното возвишено дело, а секој наш придонес кон поубав град е благодарност кон тие кои ни ја подарија слободата.
Имаме обврска кон предците да ја градиме приказната за Скопје и ќе дадеме сѐ од себе да му дадеме нов, модерен лик и да го направиме град во кој ќе биде гордост да се живее.
Скопје го чекаат поубави времиња!
Да живее Скопје, да живее Македонија, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.