Ги повикувам ОН и ЕУ да фрлат помошта од воздух за Појасот Газа, особено на северот, како што е направено многу пати низ светот, истакна Штајех за време на Советот на министрите на Палестинската управа во Рамалах, во окупираниот Западен Брег.
Војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас започна на 7 октомври. Во неколку наврати, меѓународната заедница повика на прекин на огнот или хуманитарни прекини, за испорака на помош за ранливото население.