Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервјуто за Фронтлајн се осврна и на состојбата со платите и пензиите во државата како и со животниот стандард на граѓаните, при што посочи дека со правилните политики на Владата предводена од СДСМ, пензиите и платите се зголемија, а во време на најголема економска и енергетска криза никој не беше оставен сам.
-Во однос на пензиите, пензиите се за 50% зголемени во однос на она што беше во 2016 година, минималната пензија е исто така зголемена за 50%. Никого не оставивме сам. Во изминатиот период обезбедивме 2,6 милијарди евра помош антикризни мерки за граѓаните, за одржување на ликвидноста на компаниите итн. Ги задржавме работните места, 80 000 работни места спасивме во време на корона кризата, јас лично работев на тие антикризни мерки. За самохраните родители, социјалната помош ја зголемивме 300%, за пензионерите обезбедивме 5 месечни финансиски исплати до 3000 денари зависно од висината на пензијата – рече Ковачевски.
-Пак повторувам, јас знам дека не е лесно и ја знам дека не е доволно и затоа велам дека во новата програма ќе продолжиме и со зголемувањето на пензиите. Ако некој во минатото можеше да каже дека СДСМ не секогаш на економски план ги исполнува ветувањата сега никој не може да го каже тоа, бидејќи мојата влада докажа дека СДСМ ги исполнува ветувањата. Затоа ветуваме до 2028 година 1 100 евра просечна плата и 600 евра минимална плата. Не е тоа таксативно само напишано, тоа е врз основа на анализи, а со влезот во ЕУ 1 300 евра просечна плата и 800 евра минимална плата. Кај пензиите просечната пензија ќе биде 30 000 денари а минималната пензија ќе биде 20 000 и тоа има да донесеме закон за минимална пензија – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервјуто за Фронтлајн.