Македонија претседателски избори 2024

Мисајловски од Пелинце, општина Старо Нагоричане: Овие преубави населени места се заборавени од централната власт, тешката реалност ќе ја промениме!

Заедно со Цветан Трипуновски заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, пратеникот Бране Петрушевски, Драгиша Милетиќ и коалицијата се сретнавме и разговаравме со земјоделците и граѓаните од с.Пелинце. Ова се преубави населени места кои за жал се заборавени од централната и локалната власт. Населени места во кои нема нови проекти, нема нови инвестиции и напредок, објави на својата Фејсбук страница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

Мисајловски од Пелинце, општина Старо Нагоричане: Овие преубави населени места се заборавени од централната власт, тешката реалност ќе ја промениме!

Продолживме во с.Пелинце, Општина Старо Нагоричане.

Заедно со Цветан Трипуновски заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, пратеникот Бране Петрушевски, Драгиша Милетиќ и коалицијата се сретнавме и разговаравме со земјоделците и граѓаните од с.Пелинце.

Ова се преубави населени места кои за жал се заборавени од централната и локалната власт. Населени места во кои нема нови проекти, нема нови инвестиции и напредок.

Тешката реалност ќе ја промениме, земјоделеците ќе ја добијат нашата помош и поддршка. За земјоделците ќе има зголемување на субвенциите и редовна исплата на истите, поддршка за набавка на модерна механизација и многу други проекти кој ќе им овозможи квалитетно земјоделство.

Трудот на земјоделците треба да биде ценет!

Македонија повторно твоја!, пишува Мисајловски на Фејсбук.

Најнови вести од Македонија

To top