Свет

Галант: Израел е подготвен да се справи со секое можно сценарио поврзано со Иран

Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант изјави дека подготовките за одговор на сите можни случувања поврзани со акциите на Иран се завршени, објавија британските медиуми.

Галант: Израел е подготвен да се справи со секое можно сценарио поврзано со Иран

Кабинетот на министерот го објави соопштението откако тој учествуваше на состанокот за „оперативна проценка на ситуацијата“, на кој присуствуваа и претставници на воената висока команда.

-По оценката, министерот Галант нагласи дека Министерството за одбрана ги завршило подготовките за да одговори на секое можно сценарио што би можело да се развие во однос на Иран, додаваат тие.

Иран се закани дека ќе одговори на наводниот израелски напад во Дамаск во кој загинаа седум членови на иранската Револуционерна гарда, вклучително и еден висок командант.

Израел не потврди дека стои зад нападот. Но, израелските политички лидери рекоа, зборувајќи поопшто, дека Израел дејствува против Иран, кој за возврат ги поддржува радикалните групи како Хамас во Газа и Хезболах во Либан – и двете се борат против Израел во последните шест месеци.

Соединетите држави се исто така во состојба на готовност, подготвувајќи се за можен ирански напад врз американски или израелски средства во регионот.

To top