Денеска започнува крајот на поразите, на неправдите, понижувањата и распродажбата на националните и државни интереси, на осиромашувањето и газењето на достоинството на македонските граѓани од стана на СДС, ДУИ и Стево Пендаровски. Денеска започнува вистинската борба за промените кои се потребни да се случат за да си ја вратиме изгубената држава. Да ја вратиме Македонија на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да ја направиме Македонија повторно горда земја. За Македонија повторно твоја, обединета. За Македонија во која ќе се врати надежта.
Се обврзуваме да ги донесеме промените и целосно да ја трансформираме Македонија.
Да ја вратиме надежта. Да го вратиме изгубеното достоинство. Да ставиме крај на хаосот, криминалот и безредието.
Да донесеме иднина. Да донесеме нова надеж“ – велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: „За Македонија на сите граѓани. За твоја, наша Македонија која ќе победува. Промените се во твои раце“!
-За таа цел, пред почетокот на големиот народен митинг во 20 часот на ВМРО-ДПМНЕ пред владата на Република Македонија, ќе се одржи Отворено студио во 18:30 часот на кое свое обраќање ќе имаат носителите на Изборните единици, Владо Мисајловски, Драган Ковачки, Александар Николоски, Ѓорѓија Сајкоски и Дафина Стојаноска. Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат, заедно, сплотени да ставиме крај на оваа власт и да кажеме дека народот е обединет. Ова е наша заедничка борба за Македонија повторно твоја. Промените се во твои раце, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.