Финската полиција соопшти дека денеска дошло до пукање во училиште во градот Ванта, во близина на Хелсинки.
Во инцидентот има повредени, а осомничениот за нападот е уапсен.
Пукање се случило во училиште во областа Виертола, во градот Ванта, соопшти финската полиција.
Полицијата го уапсила осомничениот за пукањето, а има и повредени, се додава во соопштението.
„Полицијата е на лице место и врши увид. Се замолуваат граѓаните да бидат подалеку од областа и во затворен простор. Вратите не треба да се отвораат за странци“, се наведува во полициското соопштение.
Ванта има околу 250.000 жители и е дел од пошироката област Хелсинки.
Финскиот јавен радиодифузен сервис Иле известува дека во училиштето работат околу 90 лица.
BREAKING:
Reported school shooting in Helsinki, Finland.
The Viertola elementary school has around 800 pupils aged between 7 and 15.
No information yet on whether the shooter has been caught. Children are still hiding in the school pic.twitter.com/b8MSgKP7rK
— Visegrád 24 (@visegrad24) April 2, 2024