Албанската полиција во близина на градот Рогожина, спречила шверц на артефакти и икони и уапсила две лица во чие возило биле откриени истите.
-Во рамки на акцијата „Икони“ во возилото во кое биле сега уапсените Пелумб Лека(53) и Емануел Чачо (56) полицијата откри и заплени 13 статуи и икони со различни големини и форми. Во соработка со лице вработено како обезбедување во археолошките паркови обезбедувале статуи и икони, стои во полициското соопштение.
Украдените предмети, од археолошките паркови во Фиер, Ѓирокастро и Берат, ги продавале на странски државјани од Италија, Грција и Црна Гора, за вредност од 10.000 до 20.000 евра. (МИА)