На 29.03.2024 во 00.15 часот пред угостителски објект во охридската населба Чекоштина, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа К.Б.(67) и М.П.(37), двајцата од Охрид.
Тие, претходно го нарушиле јавниот ред и мир со пукање во воздух од пиштол „Радом“ калибар 9 милиметри, сопственост на М.П..
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.