Познати

НЕ СЕ САМО КРАЛОТ ЧАРЛС И ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ: И овој член од кралското семејство се бори со пеколната болест – еднаш се излечи, па сега повторно и се врати ракот!

НЕ СЕ САМО КРАЛОТ ЧАРЛС И ПРИНЦЕЗАТА КЕЈТ: И овој член од кралското семејство се бори со пеколната болест – еднаш се излечи, па сега повторно и се врати ракот!

Кралското семејство овие месеци го живее најтешкиот период по смртта на кралицата Елизабета втора во септември пред две години.

Почетокот на 2024 година не им донесе ништо освен тажни моменти на членовите на палатата откако во јануари се оперирала Кејт Мидлтон и и е дијагностициран рак, додека подоцна рак му е дијагностициран и на кралот Чарлс трети.

Шокантното видео кое го потресе светот на кое принцезата признава дека во тек е опоравување со хемотерапија се прошири со брзина на светлината во петокот попладнето, додека месец дена претходно како гром од ведро небо оддекна веста за кралот дека има рак.

Идната кралица откри дека веста ја дочекала како најголем шок и дека таа со принцот Вилјам прават се за да ги заштитат трите деца.

Сепак во овие два месеци не се само кралот и принцезата оние со кои се соочуваат со пеколната болест, последна во низа е и Сара Фергусон (64) војвотката од Јорка која исто така се бори со рак на кожата, откако претходно била излечена од рак на дојката.

Инаку таа е поранешна сопруга на принцот Едрју кој е син на кралицата Елизабета и брат на сегашниот крал Чарлс.

Парот се разведе во 1996-та година, но во 2008-та се смири и живее заедно.

To top