На 10.11.2023 во 21.45 часот полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на деловен објект лоциран на магистралниот пат Гостивар-Кичево, од слобода ги лишиле Г.М.(47) и Д.Б.(27), двајцата од Охрид.
При преглед во патнички автомобил „мини купер“ во кој се превезувале, пронајдена и одземена е марихуана.
По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.