Нашите фудбалери ја остварија втората победа во овие квалификации. Во првото коло од квалификацискиот циклус, славевме победа над Шведска, на гостински терен со 1:0.
Македонија доминираше, имаше иницијатива и посед на топка, противник главно беше позициониран на својата половина, бранејќи го својот гол. Во првиот дел пропуштивме неколку одлични прилики преку Станковски, Максимов и Тодоровски.
Во продолжението, избраниците на селекторот Драги Канатларовски успеаа да го скршат отпорот на противникот. Во 52. минута Абази погодува за предност на Македонија од 1:0. На крајот сосема заслужена победа на Македонија.