Свет ПРЕКИН

Макрон го повика Израел да престане со бомбардирањето на Газа

„Франција „јасно ги осудува … терористичките акти“ на „Хамас“ и го признава правото на Израел да се брани“, рече Макрон.

Макрон го повика Израел да престане со бомбардирањето на Газа

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Израел да престане со бомбардирањето на Појасот Газа и да престане да убива цивили во палестинската територија.

Воздушните напади „немаат оправдување“, рече Макрон во интервју за Би-Би-Си објавено синоќа. Тој увери дека прекинот на огнот ќе биде од корист за Израел.

„Франција „јасно ги осудува … терористичките акти“ на „Хамас“ и го признава правото на Израел да се брани“, рече Макрон.

Во исто време, тој побара од Израел да го прекине бомбардирањето на Газа и изрази надеж дека лидерите на САД и Велика Британија ќе се приклучат кон неговиот повик.

Францускиот претседател го даде интервјуто за Би-Би-Си еден ден откако беше домаќин на меѓународна конференција во Париз за хуманитарна помош на палестинска територија.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top