Хроника

Уапсен жител на тетовско: И го одзел малолетното дете на девојката и и’ се заканил

Уапсен жител на тетовско: И го одзел малолетното дете на девојката и и’ се заканил

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера (20 март) околу 19 часот и 50 минути на улица „Панче Поповски“ во Гостивар го лишиле од слобода 41-годишниот С.Ш. од тетовско Селце-Кеч.

-Тој претходно бил пријавен од 30-годишна гостиварка, со која бил во љубовна врска, дека пред зградата во која живеела ѝ го одзел едно од двете малолетни деца и ѝ се заканил, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

To top