Хрватската водителка Николина Пишек на Инстаграм покажа како напредуваат работите во нејзината вила вредна 1,7 милиони евра во Загреб, која ја купи со сопругот Видое Ристовиќ, кој во меѓувреме почина.
Во објавата таа истакна дека едвај чека да се всели во новата вила и дека се надева дека тоа ќе се случи за околу еден месец. На снимката се гледа како мајсторите работат на поставување на терасата и инсталациите.
„Според моето искуство, пред самото вселување сè изгледа најлошо. Терасите сè уште се прават, бидејќи врнеше, откривме затната цевка па моравме да копаме, електричарите сè уште не завршиле со поставувањето на осветлувањето, прокисна сифонот на таванот, вратите само што не стасале, а кујната се поставува…“, напишала Николина и продолжила:
„Ја имам најдобрата екипа на светот и ако не плачам од очај тогаш се смеам со нив. Тоа е магијата на патувањето кон целта, со многу турбуленции и кривини, а пред крајот се вози само во петта брзина. Најдобро е што сме тука и доаѓаме!!!“, заклучила Николина.
View this post on Instagram
Да потсетиме, вилата на Николина се појави на Индекс огласи во 2022 година, но огласот во меѓувреме истече. Таа ја продавала својата луксузна вила за споменатите 1,7 милиони евра. Куќата има 420 метри квадратни и градина од 1.460 метри квадратни, која е изградена во 2012 година. Има голема дневна соба, кујна, базен, 3 спални соби и простор за персонал.