Поединечните биографии на принцот Хари и Меган Маркл се отстранети од официјалната веб страница на кралското семејство, а откако се тргнати на нивно место се најде нивна заедничка биографија која се наоѓа на самото дно од листата со членовите на кралското семејство, објавуваат светските медиуми.
„Како што е објавено во јануари 2020 година војводата и војвотката од Сасек се повлекоа од кралските должности“, стои во описот кој води до нивната директна страница.
View this post on Instagram
Парот се венчаше во капелата Свети Џорџ во Виндзор на 19 мај 2018 година, а станеле родители на две деца – принцот Арчи и принцезата Лилибет.
View this post on Instagram
На веб страницата потоа се наведува дека Хари бил дел од вооружените сили во рок од 10 години и дека бил дел од многу добротворни организации, додека за Меган Маркл пишува дека во минатото била актерка и дека нејзината најпозната улога и била во серијата „Suits“ која се емитувала во седум сезони и преку 100 епизоди.
View this post on Instagram