„Имајќи го предвид големиот број жртви меѓу цивилното население и широкиот периметар на уништување меѓу цивилните објекти, имаме доста сериозни сомневања дека се вршат неселективни напади кои се во спротивност со меѓународното хуманитарно право“, рече Турк за време на посетата на главниот град на Јордан, Аман.
По неговата посета на контролниот пункт Рафа на границата меѓу Египет и Појасот Газа, тој зборуваше за „воени злосторства“ од двете страни во војната, Израел и Хамас.
Тирк ја опиша ситуацијата во енклавата како страшна. „Разговарав со израелските бранители на човекови права кои се вознемирени и огорчени од маките на цивилите во Газа. Тие исто така се загрижени како тоа што се случува влијае на имиџот на Израел“, рече Турк.
„Решението е да се стави крај на окупацијата и целосно да се почитува правото на Палестинците на самоопределување“, додаде Волкер Турк.