Познати

„ОВА НЕ Е КЕЈТ, ОВА Е НЕЈЗИН ДВОЈНИК“: Светот во неверување од снимката на која принцезата првпат се појави во јавноста – од еден детаљ и вие ќе се посомневате! (ВИДЕО)

„ОВА НЕ Е КЕЈТ, ОВА Е НЕЈЗИН ДВОЈНИК“: Светот во неверување од снимката на која принцезата првпат се појави во јавноста – од еден детаљ и вие ќе се посомневате! (ВИДЕО)

Во последно време низ социјалните мрежи кружат бројни теории, а се однесуваат на здравствената состојба на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, која пред три месеци се повлече од јавноста поради закрепнувањето по операцијата.

Јавноста беше прилично загрижена за нејзината состојба и оттаму бројните теории. Сепак, сè пропадна бидејќи Кејт била видена додека пазарелa. Сега се појави видео кое покажува дека Кејт е сосема добро.

Во тренерка, без шминка и со пуштена коса, таа одеше покрај Вилијам носејќи чанта од продавницата. Безгрижно разговарале, а според говорот на телото, изгледале прилично опуштено и безгрижно.

Секако, веднаш под видеото имаше коментари на луѓе кои тврдат дека Кејт на видеото не оди покрај принцот Вилијам.

„Едвај ги чекам коментарите дека ова не е Кејт и е двојник, лош фотошоп и слично.

„Ова не е Кејт“, беше друг коментар.

„Ова е нејзиниот двојник!

„Таа навистина не личи на неа, Кејт нема толку долга коса!

„Изгледа како старо видео!

Луѓето очигледно не можат да се смират, ниту да се задоволат, па сигурно ќе има многу вакви коментари додека војвотката официјално не се појави во јавноста, што се очекува во текот на Велигденската недела.

To top