ЈКП „Водовод“ започна со изградба на фекална канализација на ул.9 во населба Илинден во близина на општинската зграда. Новата линија ќе биде во должина од околу 150 метри и ќе ги прифати отпадните води од околу 10 домаќинства.
Новата линија за канализација ќе биде дел од фекалната канализација припадна површина 8 Илинден.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, направи увид во градежните работи пришто истакна дека приоритет во работењето е подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во Општината. Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење и за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден.
Канализацискиот систем во Илинден припадна површина 8, во кој ќе биде поврзана новата линија, е во должина од околу 4000 метри, и на истиот има можност да бидат опфатени околу 330 домаќинства од населено место Илинден, како и други јавни објекти со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот.