Македонија

МИНИСТРИТЕ ЌЕ СЕ ПОДНОВАТ СО ЛУКСУЗНИ И МОЌНИ ВОЗИЛА: Владата ќе потроши 1,6 милиони евра!

МИНИСТРИТЕ ЌЕ СЕ ПОДНОВАТ СО ЛУКСУЗНИ И МОЌНИ ВОЗИЛА: Владата ќе потроши 1,6 милиони евра!

Македонската влада наскоро ќе потроши 1,6 милиони евра за изнајмување на 45 нови автомобили од висока класа со зафатнина од над 2.000 кубни метри. Ваквата одлука предизвика негодувања и реакции во јавноста, особено што народот се соочува со економска несигурност и недостаток на средства за основни потреби, објави Телма.

Тие велат дека Владата треба да биде одговорна пред своите граѓани и да ги земе предвид нивните потреби и предизвици. Дали оваа одлука е неизбежност поради безбедност или просто лицемерство, времето ќе покаже.

Техничкиот премиер Талат Џафери, пак, во врска со набавувањето нови возила на лизинг од Владата, вели дека тоа не е новина и оти станува збор за востановена пракса. Според него, лизингот е поевтин од купувањето моторно возила во сопственост бидејќи, како што рече, за периодот додека трае лизингот или по време или за поминат километар по возило, гаранцијата и одржувањето е на давателот на услугата, а не на побарувачот.

Најнови вести од Македонија

To top