Македонија

Стоилковски: Со право народот вели дека со Пендаровски како претседател немаме држава

Стоилковски: Со право народот вели дека со Пендаровски како претседател немаме држава

Нападите на СДС се секојдневни, но се празни флоскули бидејќи немаат што да понудат, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за секојдневните напади кои што Социјалдемократскиот сојуз ги упатува кон кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова.

Стоилковски посочи дека единствено што СДС можат да кажат е за нивниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски да го повторат ставот на ВМРО-ДПМНЕ, но и на пошироката јавност, дека во неговиот претседателски мандат ги погази достоинството на Македонија и на македонските граѓани.

„Она што тие можат да го кажат за Стево Пендаровски е да го повторат нашиот став кој е познат на јавноста и кој што го доживува јавноста, а тоа е дека Стево Пендаровски го погази достоинството на Македонија и на граѓаните. Забораваат колку брзо менуваше ставови и по однос, да речеме, за промена на уставот или за прифаќањето на бугарскиот договор. Со право народот вели дека немаме држава со Пендаровски како претседател со кој што секој ден, Македонија ја има се помалку и помалку“, рече Стоилковски.

И затоа, додаде Стоилковски, време е промени, време е да ја вратиме Македонија.

Најнови вести од Македонија

To top