Водителот Огнен Амиџиќ вчера ја изнесе својата сопруга Мина од болница заедно со нивниот наследник, синот Перун.
По целиот турбулентен ден, Амиџиќ влезе во студи и имаше своја емисија во која гости му беа меѓу другите и Неда Украден и Аца Илиќ заедно со сопругата Биља Јевтиќ.
Од Аца Огнен доби дрес за малиот Перун со неговото име како и бројката девет велејќи дека еден ден тој треба да стане фудбалер, додека од Неда Украден малото бебе доби плишано мече на подарок.
Огнен беше воодушевен на подароците и срдечно им се заблагодари на гостите за изненадувањето.