Македонија

Во дебарската градинка нема невакцинирани деца со ДиТеПер, а нема ни заразени

Во детската градинка „Брешија“ во Дебар нема невакцинирани дечиња со ДиТеПер, потврди за медиумите директорката Ајрие Дачи.

Во дебарската градинка нема невакцинирани деца со ДиТеПер, а нема ни заразени

Според неа, во оваа установа, во која се згрижени 330 деца, до сега нема заразено дете со голема кашлица, но состојбата внимателно се следи и редовно се вршат контроли.

Во службата за вакцинација при Општата болница со проширена дејност имунизацијата се реализира тековно, што, како што потврдуваат одговорните, е резултат на фактот дека родителите редовно ги носат децата, според картонот за вакцинација.

Во текот на минатата година, процентот на опфатеност со имунизација на децата во општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива дебарската болница, изнесува 95 отсто, што е намалување за 2 отсто споредено со претходната година. Тоа како последица на преселбата на семејството во друг град во државава или во странство.

Најнови вести од Македонија

To top