Храна и Пијалаци рецепт

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Магичен колач од само 2 состојки: Не може да биде поевтино, побрзо и повкусно

Чоколадна торта со само две состојки ќе ве воодушеви. Не бара многу време за подготовка, нема комплицирани состојки и се што ви треба е малку добра волја, чоколадо и јајца.

Што се однесува до чоколадото, слободно изберете според ваш вкус. Никогаш побрзо и никогаш поевтино.

Состојки:

270 гр млечна чоколада
4 јајца

Подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа. Одвојте ги белките и жолчките, па со миксер на најголема брзина изматете ги белките додека не се запенат и добиете пенест шлаг.

Во растопеното чоколадо додадете две жолчки, па сè убаво измешајте. Постепено додавајте го шлагот малку по малку, цело време мешајќи додека не добиете хомогена смеса.

Истурете го во калап со дијаметар од 22 см обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 170 C околу 25 минути. За да бидете сигурни дека е печено, можете да го искористите стариот трик со чепкалка за заби.

По желба посипете со шеќер во прав или одозгора ставете јагоди пред послужување.

To top