Загубивме дете кое прооде со неговите јагниња и кое го сакаше животот, пишува во трогателениот текст кој е споделен на Фејсбук групата „Земјоделие“ за тинејџерот кој вчера почина од удар од гром во Негорци.
„Премногу е болно и тажно,но сакав да ја споделам оваа тажна вест во најголемата земјоделска група. Царство -небесно Трифун Бучков, Плачам и пишувам …..
Денеска Македонија загуби едно златно дете од удар од гром на само 17 години пасејќи ги овците во околината наречена ,,К’рот“ во атарот на село Негорци.
Дете кое прооде со неговите јагниња и на нивата во полето, на тракторот… Дете кое стануваше во 5 часот наутро да ги измолзе овците и потоа одеше на училиште, а потоа повторно одеше да помогне на неговата фамилија. Дете кое се радуваше на животот, секогаш насмеан, сакан од најблиските, не се жалеше на работата туку напротив уживаше и со мерак ја работеше како возрасен земјоделец и сточар.
Тој ги почитуваше сите..и старо и младо… Имаше многу пријатели од сите националности и често другаруваше со нив. нека ти е светол патот….“, пишува во текстот споделен на социјалните мрежи.