BABY LASAGNA со денови е број еден на евровизиските обложувалници, а шансите за победа само се зголемуваат. Хрватскиот претставник сега има дури 17% шанси за победа на „Евровизија“, додека второпласирана е Украина со 15%. На третото место се наоѓа Италија со 8%.
Овие денови се истакнала уште една земја која молскавично се искачува меѓу фаворитите, а тоа е Холандија. Нивниот претставник Јост Клајн (26), ја пее песната „Europapa“, а од 29 февруари од тогашното 21. место, моментално се наоѓа на високата седма позиција.
View this post on Instagram
Музичарот, раперот и поранешниот јутјубер, песната ја направил заедно со холандскиот рапер Дони (29), а стиховите на песната е писмото од Јост до неговиот покоен татко, кој починал од рак и му оставил во аманет дека не постојат граници за сето она што може да го постигне. Песната, како што вели, е вистинска ода на Европа.
„Europapa“ говори за сирак кој патува низ Европа (и пошироко), за да е пронајде себеси и да ја раскаже својата приказна. На почетокот луѓето не го препознаваат, но тој продолжува да ја зграпчува секоја прилика како би бил виден.
„Песната е посвета на мојот татко. Растејќи ме, тој ми пренесе широк поглед на светот“, изјавил Клајн.